Украинската воздушна одбрана соборила 13 од 14 беспилотни летала кои биле лансирани од Русија рано на 29 мај во три нејзини региони, објавија украинските воздухопловни сили на Телеграм.
„Како резултат на противвоздушна борба, 13 Шахед [дронови] беа соборени во регионите Миколајев, Кировохрад и Ривне“, се вели во пораката.
Видете и ова: Макрон - на Украина треба да и се дозволи да гаѓа цели во РусијаНема информации за жртви или материјална штета.
Во меѓувреме, Венјамин Кондратиев, гувернер на јужниот руски регион Краснодар, во порака на Телеграм наведе дека украинско беспилотно летало е соборено од руската противвоздушна одбрана над градот Армавир.
Нема жртви или материјална штета, напиша Кондратиев.