Русија ќе изгради мала нуклеарна централа во Узбекистан, што ќе биде прв ваков проект во Централна Азија по распадот на Советскиот Сојуз, изјави претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев.
Мирзијоев го соопшти ова на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, кој е во посета на Узбекистан, пренесува Ројтерс.
Нуклеарниот договор, доколку се спроведе, ќе ја покаже способноста на Русија да извезува не само енергија, туку и производи со висока технологија на новите азиски пазари, во време кога Западот преку санкции го зголемува притисокот врз Москва.
Видете и ова: Пентагон вели дека Русија „најверојатно“ распоредила антисателитско оружје во вселенатаМирзијоев додаде дека Ташкент е заинтересиран да купува повеќе нафта и гас од Русија, што претставува пресврт по децениската практика на увоз на овие извори на енергија во Русија од Централна Азија.
Узбекистанскиот претседател ја опиша посетата на Путин како „историска“.
„Ова го најавува почетокот на новата ера во сеопфатното стратешко партнерство и сојуз меѓу нашите земји“, рече тој.
Путин рече дека Ташкент е „стратешки партнер и сигурен сојузник“ за Москва.
Двајцата лидери не презентираа детали за планираниот нуклеарен проект.
Во моментов нема нуклеарни централи во ниту една од петте поранешни советски републики во регионот на Централна Азија.