Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повторно одговори на критичарите кои ја осудија нејзината подготвеност да соработува со десничарските групи во Европскиот парламент.
“Станува збор за придобивање на политичките сили кои се толку важни за мнозинството во центарот “, изјави лидерката на ЕУ во интервју за германско радио, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Таа рече дека ќе работи со демократските партии и политичари, без разлика на нивната политичка група во парламентот.
„Критериумите за мене се пратениците со кои сакаме да соработуваме да се во корист на Европа, во корист на Украина против Русија и во корист на владеењето на правото“, изјави таа, мислејќи на пратениците.
Прво Фон дер Лајен се соочи со критики во април, откако не успеа да ја исклучи соработката во Европскиот парламент со десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), која ја вклучува екстремно десничарската партија „Браќа на Италија“ на италијанскиот премиер Џорџија Мелони.
Видете и ова: Изборите за европските пратеници ќе се одржат од 6-ти до 9-ти јуниГерманскиот канцелар Олаф Шолц во четвртокот изјави тој е „многу тажен поради двосмисленоста на некои политички изјави“ кои доаѓаат од фон дер Лајен, која се кандидира за втор мандат како претседател на Европската комисија.
„Ќе биде можно само да се воспостави претседателство на комисијата што ќе се заснова на традиционалните партии... Сè друго би било грешка за иднината на Европа“, додаде Шолц.
Изборите за европратеници во земјите членки на Европската Унија че се одржат од 6 до 9 јуни годинава. Изборните правила за европратеник се разликуваат од една до друга земја членка на Унијата, со тоа што во некои места изборниот праг е 5 отсто, а во други нема, додека во некои земји право на глас имаат и малолетници со наполнети 16 години.
Во повеќето европски земји гласањето ќе се одржи на 9 јули. Во Холандија изборите се закажани за 6 јуни, а ден подоцна ќе гласат и Ирците и Чесите, додека на 8 јуни избори за Европскиот парламент се одржуваат во Летонија, Малта, Словачка и Италија. Во Чешка и Италија изборите ќе се одржуваат во текот на два дена.