Портпаролот на Европската Комисија во изјава за бриселскиот портал „Еурактив“ вели дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“, во услови на нова заострена реторика меѓу Атина и Скопје.
Порталот потсетува дека новата дипломатска криза меѓу двете земји избувнала откако новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за време на нејзината инаугурација на 12 мај ја нарече земјава „Македонија“ наместо Северна Македонија, кое е официјалното уставно име по договорот за промена на името со Грција во 2018 година, познат како Договор од Преспа.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова положи заклетва и порача: Време е за единствоОд своја страна, Европската Комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.
„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската Комисија за „Еурактив“.
Видете и ова: Скопје и Атина пак „се фатија“ за иметоИнцидентот, како што забележува „Еурактив“, предизвика реакции низ Европа и САД, при што многумина стравуваат од заживување на 25 годишниот спор меѓу двете соседни земји.