Kондовецот Агим Красниќи уапсен во Косово, бегалец е од затворот во Штип

Агим Красниќи

Агим Красниќи

Уапсени се тројца државјани на Северна Македонија во Урошевац, Косово меѓу кои и бегалецот од штипскиот затвор Агим Красниќи. П

отврда за ова доаѓа и од косовската полиција од каде преку соопштение информираат дека еден од четворицата бил баран со меѓународна потерница, а истите во октомври лани учествувале во тепачка и пукање во Урошевац.

„Лицата се барани бидејќи биле инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија, пишува во сооптението косовската полиција.

Видете и ова: Крвава војна во скопското подземје

Инаку Красниќи е осуден во 2008 година во на 15 години затвор бидејќи во 2005 година во неговото Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности.

После речиси 12 години поминати во затвор, избега на слободен викенд од штипскиот затвор каде ја одлежуваше казната. бегството се случи во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

До отслужување на казната му остануваат уште три години и три месеци. За апсењето е известено и македонското министерство за внатрешни работи.