Турскиот суд ја одобри екстрадицијата на македонскиот државјанин, првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палески - Палчо. Од македонското министерство за правда соопштија дека денеска ( 30 април ) им пристигнало официјално известување од Турција дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.
Во соопштението од Министерството нема повеќе детали за тоа кога и како ќе биде спроведена екстрадицијата. Од Јавното обвинителство соопштија дека екстрадицијата ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.
Како првоосомничен за грабнувањата и убиствата на малолетничката Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Женовски, Палевски на 5 декември беше уапсен во градот Балибекир во Турција.
По одлуката на Турција за екстрадиција, преземањето на Палчо ќе треба да се реализира преку канцелариите на Интерпол во рамки на министерствата за внатрешни работи. Двете држави имаат воспоставено соработка за екстрадиција, а имаат и меѓусебен Договор за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети.
Видете и ова: Уапсен Љупчо Палевски-осомничениот за грозоморното убиство на 14-годишната ВањаОткако ќе биде екстрадиран, Палевски во земјава ќе биде пречекан со судско решение за 30-дневен притвор и ќе биде пренесен во Шутка. Таму веќе се наоѓаат тројца осомничени соизвршители во грабнувањата и свирепите убиства.
Осомничен за помагање во грабнувањето, заедно со нив е и таткото на Вања, кој според првичните сознанија, на Палевски му давал информации кога девојчето ќе биде само.
Тој со последната одлука на Врховниот суд, која ја уважи неговата жалба, за меркат притвор, на 24 април замина во куќен притвор и доби мерка на претпазливост.
14 годишната Вања Ѓорчевска беше киднапирана и убиена заради изнуда на пари, како што кажаа тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски на 4 декември. Нејзиното тело беше пронајдено по седумдневна потрага, ден претходно, на 3 декември, во близина на скопското село Бразда.
Истиот ден (3 декември) беше пронајдено и безживотното тело на пензионерот Панче Жежовски од Велес. Според Спасовски, неговото убиство не е поврзано со убиството на Вања, туку неговото возило, кое подоцна беше запалено, било користено за грабнување на Вања.