Во училиштата каде што ќе се гласа на 24 април и на 8 мај на претседателските и парламентарните избори, деновите претходно (23 април и 7 мај) ќе има скратена настава.
Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека двата дена училиштата ќе работат од 7 до 11 часот.
Деновите на гласањето, пак, како што е познато, се неработни денови и за училиштата и за сите граѓани.
„Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал“, велат од МОН.
Видете и ова: Немаат клупи, а не пак дигитални табли и учебнициУчебната година, според одлуката од претходно, за средношколците ќе заврши на 10 јуни, а за учениците од основните училишта на 17 јуни.
И средношколците и основците, оваа учебна година (2023/2024) за првпат ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 6 мај.