Овогодишната Дрезденска награда за мир постхумно ќе му биде доделена на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во затвор на рускиот Арктик, објави театарот „Штаатсшауспиел“ во Дрезден.
Наградата ќе биде врачена на неговата вдовица Јулија Навални на церемонија во театарот на 12 мај, јавува сервисот на Радио Слободна Европа на руски јазик.
Навални ќе биде третиот руски добитник на наградата, која се доделува на поединци кои придонеле за мирот и меѓународното разбирање.
Освен него, наградата претходно им беше доделена на советскиот лидер Михаил Горбачов и поранешниот советски функционер Станислав Петров, кои одиграа клучна улога во инцидентот на советската нуклеарна лажна тревога во 1983 година.
Видете и ова: Навални погребан во Москва - илјадници луѓе се збогуваа со критичарот на КремљНавални, долгогодишен борец за борба против корупцијата и најистакнат руски опозициски политичар повеќе од една деценија, имаше 47 години кога почина во руски затвор.
Во соопштението од 16 февруари, Казнено-поправната служба наведе дека Навални не се чувствувал добро по прошетката и дека потоа изгубил свест.
Пристигнала брза помош, се обиделе да го оживеат, но починал, наведоа во тогашното соопштение.
Лидерите ширум светот ја осудија смртта на најверниот критичар на Владимир Путин, ставајќи ја вината директно на рускиот претседател.