Достапни линкови

Навални погребан во Москва - илјадници луѓе се збогуваа со критичарот на Кремљ


Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во арктичкиот затвор под мистериозни околности, беше погребан на гробишта во близина на неговиот дом од детството во Москва. Полицијата спречи десетици илјади поддржувачи да се приближат до богослужбата и погребот.

На роднините и блиските соработници на 1 март им беше дозволено да присуствуваат во Црквата на иконата на Богородица на краткиот погреб на најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, пред неговото тело да биде однесено на блиските гробишта.

Погребната церемонија се одржа по двонеделна битка меѓу семејството на Навални и руските власти, кои го одложија неговиот погреб откако наводно се обиделе да ја уценат неговата мајка, Људмила Навална, да одржи приватен погреб „без никакви проштални церемонии“.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, изјави дека на погребот била пуштена музиката од последната сцена на филмот „Терминатор 2“ кој бил негов омилен, како и песната „My Way“ на Френк Синатра.

Масовна посетеност на погребот на Навални во Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Меѓу оние кои се собраа да му оддадат почит на Навални беа и американскиот амбасадор во Москва и неколку други западни дипломати.

„Работата на Алексеј Навални беше посветена на споделување визија за подобра иднина за Русија и за сите Руси. И на крајот, тој го даде својот живот за патриотска служба. За многу Руси тој ќе остане симбол на она што Русија може и треба да биде“, објави американската амбасада во Москва на Телеграм.

На социјалните мрежи се појави фотографија од отворениот ковчег на Навални. На фотографијата можеа да се видат неговите родители, мајката Људмила и таткото Анатолиј, како седат покрај нивниот син, чие тело од рамениците надолу беше покриено со црвени и бели рози. Десетици други луѓе застанаа зад нив.

Родителите на Алексеј Навални, Москва, 1 март 2024
Родителите на Алексеј Навални, Москва, 1 март 2024

Ковчегот потоа беше изнесен од црквата, додека многумина фрлаа цвеќе на мртовечката кола што го превезуваше ковчегот на Навални до блиските Борисовски гробишта на погребот. Дел од насобраните ги урнаа металните огради за да се доближат до возилото, но немаше траги на судири со полицијата.

На пошироката јавност не и беше дозволено да помине покрај ковчегот, иако на големите православни церемонии обично им се дава можност на ожалостените да поминат покрај отворениот ковчег.

Претходно во црквата беше внесен ковчегот со телото на Навални, додека насобраните извикуваа „Навални!“, јави рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Носење на ковчегот со телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во црквата на иконата на Богородица, Москва, 1 март 2024 година.
Носење на ковчегот со телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во црквата на иконата на Богородица, Москва, 1 март 2024 година.

Откако ковчегот со неговото тело беше изнесен од црквата, некои од толпата извикуваа антивоени слогани, додека други извикуваа слогани против Путин, кого вдовицата на Навални и многу западни земји, вклучително и САД, го обвинија за смртта на критичарот на Кремљ.

„Ти не се плашеше, не се плашиме ниту ние“, наведе тимот на Навални во објава на Телеграм. Насобраните пред црквата ја извикуваа истата парола.

Кратката церемонија во црквата во московската област Марино, каде што живееше лидерот на опозицијата, започна во 14 часот по локално време (12 часот по средноевропско време), додека погребот се одржа во 16 часот по локално време на Борисовските гробишта, оддалечени на околу два километри.

Вдовицата на Навални, Јулија, која од безбедносни причини живее надвор од Русија, не присуствуваше на богослужбата. Но, таа објави емотивно писмо и видео на Инстаграм во кое му оддаде почит на нејзиниот сопруг, велејќи дека ја правел насмеана, дури и кога бил во затвор.

"Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да те направам среќна заради мене и горда на мене. Не знам дали ќе успеам или не, но ќе се обидам", рекла таа алудирајќи на нејзиното ветување дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг за донесување демократија и слобода во Русија.

Погребот на Навални под силно полициско обезбедување
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

Поранешната портпаролка на Навални, Кира Џармиш, во петокот на мрежата Х изјави дека погребните служби првично се одбиле да го пренесат неговото тело од мртовечницата во Москва во црквата, но дека попуштиле во последен момент.

На видеото од влезот на гробиштата пред почетокот на церемонијата, може да се види дека областа е под строги ограничувања со присуство на полиција која ги проверува документите и личните работи на луѓето.

Некои медиуми јавуваат дека услугата за мобилниот интернет во тој дел била исклучена.

Според информативниот портал Сота, во петокот наутро во близина на црквата биле паркирани најмалку 40 полициски возила со различна големина, од автомобили до автобуси. Припадници на полицијата под „фантомки“ патролираат во областа.

Полицијата во четвртокот дозволила влез на гробиштата откако ги проверувала личните документи и поставувала прашања за целта на посетата, објави Телеграмскиот канал „Можеме да објасниме“. Полицијата извршила претрес и на лични предмети со образложение дека се неопходни безбедносни мерки.

Почитувачите на Алексеј Навални фрлаат цвеќе пред автомобилот што го однесе телото на покојниот водач од црквата на гробиштата, Москва, 1 март 2024 година.
Почитувачите на Алексеј Навални фрлаат цвеќе пред автомобилот што го однесе телото на покојниот водач од црквата на гробиштата, Москва, 1 март 2024 година.

Претходните денови стотици граѓани ширум Русија беа уапсени само затоа што положија цвеќе на импровизирани споменици на Навални.

Рускиот политичар во самопрогонство Леонид Гозман изјави за Current Time, медиумски проект на руски јазик на РСЕ и Гласот на Америка, дека погребот на Навални не значи крај.

„Тоа го означува фактот дека ништо не е готово; тоа е продолжение на нешто што Кремљ разбира дека не е само едноставно збогување“, рече Гузман.

Тој додаде дека смртта на Навални може да се спореди со смртта на американскиот лидер за граѓански права Мартин Лутер Кинг помладиот по тоа што неговото наследство и влијание може да ја поддржат и поттикнат борбата за граѓански права.

Пред погребот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди во изјава за новинарите дека секој неовластен митинг за поддршка на Навални ќе се смета за кршење на законот.

Тој рече дека Кремљ не го смета Навални за политичар и дека нема што да му каже на семејството на починатиот опозициски лидер.

„Но, имаме што да му кажеме на Кремљ - убијците на Алексеј“, изјави Џармиш во одговор на мрежата Х.

Кремљ постојано негираше вмешаност или одговорност за смртта на Навални.

Луѓе се собираат пред црквата на Богородица икона, смири ги моите таги, во Москва, Русија, петок, 1 март 2024 година.
Луѓе се собираат пред црквата на Богородица икона, смири ги моите таги, во Москва, Русија, петок, 1 март 2024 година.

Навални почина на 16 февруари по долгогодишно заробеништво во кое помина повеќе од 300 дена во самица, му беше одбиена медицинска помош, се пожали дека е подложен на лишување од сон и многу повеќе. Руските судови отфрлија повеќе од 40 жалби што тој ги поднел за наводна злоупотреба.

Во четвртокот, Европскиот парламент усвои резолуција со која се обвинуваат руската држава и претседателот Владимир Путин за смртта на Навални.

„Европскиот парламент остро го осуди убиството на Алексеј Навални и ја изразува својата целосна поддршка на Јулија Навална, која е решена да ја продолжи работата што Алексеј Навални“, соопшти Европскиот парламент.

Луѓето одат кон Борисовските гробишта за време на погребот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во Москва, Русија, 1 март 2024 година.
Луѓето одат кон Борисовските гробишта за време на погребот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во Москва, Русија, 1 март 2024 година.

Во резолуцијата се наведува дека политичкиот систем на Русија е под контрола на авторитарен режим „кој работи во средина на широко распространета корупција, користи наместени избори за да даде привид на демократија и ја концентрира целата моќ во рацете на Владимир Путин“.

„Алексеј Навални ја отелотвори борбата за слобода и демократија со својот сон за „убава идна Русија““, рекоа пратениците во Европскиот парламент и ги повикаа сите членки на ЕУ да продолжат да покажуваат непоколеблива солидарност и активна поддршка кога станува збор за независна Русија, граѓанското општество и демократската опозиција.

XS
SM
MD
LG