Со митинг одржан пред Владата во Скопје, професорката Гордана Силјановска Давкова подржана од ВМРО ДПМНЕ ја започна кампањата за претседателските избори. Под слоганот „Македонија повторно горда“ нагласи дека како претседател ќе се однесува натпартиски, со градење сојузи и консензус.
„ Ќе бидам своја глава. Ако во извршната власт има две глави треба да соработуваат. Надвор нема да заминам пред да изградам консензус за најважните државните прашања. Не се оди надвор во дуел, туку во дуо, рече Силјановска Давкова.
Порача дека темелните вредности мора да се почитуваат. Побара од присутните да проверат и да ја утврдат разликата.
„Споредете што зборуваат едните, а што другите. Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа, зошто така ја нагризуваме гордоста на Македонија. Ние вистинските Европјани имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности. Не се оди во Европа со реторика туку со почитување на вредностите“ рече Силјановска Давкова.
Видете и ова: Предвремена кампања, десетици претставки до Анти-корупцискаЛидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека државата веќе нема систем, а Македонците се граѓани од втор ред.
„И не само Македонците, граѓани од втор ред се сите други граѓани без разлика на етничка припадност, дали се Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци… сите од ова држава кои не се Артан, или негови другарчиња, кои не се Бујар или негови другарчиња, кои не се Зечевиќ, Маричиќ, Али и Ковачевски и нивните 100-тина разбојници, кои ја уништија нашата држава, сите освен нив, се граѓани од втор ред. Владее хаос. Анархија.“ рече Мицкоски.
Ова е прв ден од кампањата за претседателските избори, која Сиљановска Давкова ја започна од Скопје.