Полнење кутии на изборите во Русија снимено од безбедносни камери

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На снимка од избирачко место во Санкт Петербург се гледа како две жени ставаат ливчиња во гласачки кутија, а потоа ја тресат за да ги измешаат ливчињата, додека обезбедувањето, кое е во близина, изгледа не ги забележува. Тоа е само еден доказ за, како што велат локалните набљудувачи, широко распространето манипулирање на гласовите и измама на гласањето на 15-17 март, што му даде на претседателот Владимир Путин уште еден претседателски мандат.