Висок помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна на 22 март изјави дека Киев не е вмешан во нападот во концертната сала во Москва во кој според досегашните информации загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 100 лица се повредени откако вооружени напааѓачи упаднаа и пукаа врз присутните на концертот.
Михаило Подољак, висок помошмик на шефот на претседателската канцеларија на Зеленски, рече дека Украина „никогаш не користела терористички методи“ додека продолжува да се бори против двегодишната целосна инвазија од руска страна.
„Украина сигурно нема никаква врска со пукањето/експлозиите во концертната сала во Москвва“, порака Подољак преку социјалната мрежа Х.
Видете и ова: Најмалку 133 мртви во пукањето на концерт во близина на Москва, уапсени четворица напаѓачиОдговорноста неколку часа по нападот ја презеде екстремистичката група наречена „Исламска држава“.
Подолјак рече дека „сè во војната против Русија ќе се решава само на бојното поле, додавајќи дека „терористичките напади не решаваат никакви проблеми“.
Подољак, исто така, навести дека овој настан „ќе придонесе за нагло зголемување на воената пропаганда, забрзана милитаризација, проширена мобилизација и, на крајот, продолжување на војната уште подолг период.