Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.
Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косовопредводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.
Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите.
Видете и ова: Ескобар за РСЕ – Курти го одби предлогот за динаритеТој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.
Претходно во интервју за Радио Слободна Европа, албанскиот премиер Албин Курти рече дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Во врска со предлозите на специјалниот претставник од САД, Габрил Ескобар поврзани со ова прашање, Курти со став дека нема да се профатат предлозите кои се спротивни на регулативата на Централната банка на Косово.
Од 1 февруари во Косово единственото платежно средство е ерврото.