Хрватскиот Сабор, односно парламентот, се распушти на 14 март, со гласовите на сите присутни пратеници, односно 143 од вкупно 151, што значи дека во април или мај ќе се одржат редовни парламентарни избори.
Премиерот и претседател на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) неодамна најави распуштање на Парламентот за како што рече, да има доволно време за формирање на ново парламентарно мнозинство и влада.
Одлуката за датумот на изборите треба да ја донесе претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ во рок од 30 до 60 дена, а изборите може да се одржат меѓу 14 април и 12 мај.
Владејачкото мнозинство претходно пред две недели го отфрли предлогот на опозицијата за распуштање на Собранието. Последното свикување на хрватскиот Сабор беше конституирано на 22 јули 2020 година.
Видете и ова: „Треска“ за функции во БриселОд 151 пратеник во хрватскиот Сабор, 140 се избираат во десет изборни единици во Хрватска. Тројца ги избира дијаспората, односно гласачите кои не живеат во Хрватска, а осум места се резервирани за претставниците на националните малцинства, кои се избираат во посебна, 12-та изборна единица. Меѓу нив има три места за претставници на српското национално малцинство.
На претходните парламентарни избори, одржани на 5 јули 2020 година, најмногу гласови освои коалицијата предводена од ХДЗ, 36,4 отсто, а опозицискиот сојуз околу Социјалдемократската партија (СДП) го зазеде второто место со 24,3 отсто од гласовите.
Заедно со парламентарните избори, годинава на 9 јуни во Хрватска ќе се одржат и европски избори, а на крајот на годината претседателски.