Најмалку четворица московјани, наводно, биле приведени во вторникот на 5 марти бидејќи положиле цвеќе во чест на починатиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во затвор минатиот месец.
Каналот на Телефрам ОВД-Инфо пишува дека Полина Орехова и Јегор Комлев биле приведени откако положиле цвеќе на импровизирани споменици на Навални на 16 февруари, денот кога во јавноста беше соопштена смртта на Навални и на 17 февруари.
ОВД-Инфо наведува дека уште двајца жители на руската престолнина, Јелена Грибкова и Јелена Левина, кои беа накратко приведени на 17 февруари поради оддавање почит на Навални, во вторникот повторно биле приведени поради присуство на погребот на Навални минатата недела.
Видете и ова: Навални погребан во Москва - илјадници луѓе се збогуваа со критичарот на КремљАлексеј Навални (47) беше погребан на 1 март на гробишта во Москва. Најмалку 120 лица се уапсени во Русија поради учество на собири во чест на неговиот спомен.
Тој почина на 16 февруари по долгогодишно заробеништво во кое помина повеќе од 300 дена во самица, му беше одбиена медицинска помош, се жалеше дека е подложен на лишување од сон и многу повеќе. Руските судови отфрлија повеќе од 40 жалби што тој ги поднел за наводна злоупотреба.
Видете и ова: Повеќе од 40 земји бараат независна истрага за смртта на Алексеј НавалниЕден ден пред погребот, Европскиот парламент усвои Резолуција со која се обвинува руската држава и претседателот Владимир Путин за смртта на Навални.
Повеќе од 40 земји побараа независна меѓународна истрага за смртта на Навални.