Рускиот опозициски политичар и ко-основач на Форумот Слободна Русија, Гари Каспаров, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека сегашните граници на Русија „можеби не мора нужно да останат“ доколку Москва ја загуби војната во Украина, но нагласи дека целосен колапс на Русија е малку веројатен.
Зборувајќи за можните области кои би можеле да се отцепат од Руската Федерација, Каспаров ги наведе републиките Татарстан, Башкортостан, Дагестан и Чеченија, но додаде дека се уште не е јасно што ќе следи по војната.
„На крајот, економските фактори ќе играат голема улога во ова прашање. Но, денес е многу важно да не се поддржува позицијата на обединета и неделива Русија“, рече Каспаров, додавајќи дека верува дека „промената на империјалистичкиот карактер на Русија е неопходна за нејзино преобликување.
Како што јави РСЕ на англиски јазик, 60-годишниот поранешен светски шампион во шах, исто така, рече дека загубите на Русија ќе бидат „минимални“.
Видете и ова: Навални погребан во Москва - илјадници луѓе се збогуваа со критичарот на Кремљ„Но, ако ја отстраните империјата, тогаш треба да се согласите дека некои нејзини делови на крајот може да исчезнат“, рече Каспаров, оценувајќи дека економските врски се отежнувачки фактор за распадот на Русија.
Тој рече дека ако некои делови од Русија се отцепат, тогаш би било можно да се постигнат нови договори меѓу руските територии во рамки на она што би било „слободна конфедерација“.
„Тоа е точно, меѓу другото, и од психолошка гледна точка, бидејќи ќе биде невозможно да се изгради неимперијална Русија со зачувување на погрешните империјални заблуди“, изјави Каспаров за РСЕ во Вилнус на собир на руски опозиционери.
Како што рече, смета дека Соединетите Американски Држави и Европската Унија се „плашат“ од евентуален распад на Русија доколку таа ја загуби војната во Украина.
Според него, тоа создава проблеми во подобро разбирање на светот и војната во Украина, но влијае и на поддршката за Киев во спротивставувањето на руската агресија.
„Украинската победа би била силен удар за Русија и најверојатно ќе доведе до промена на целата [нејзина] политичка структура“, рече Каспаров.
Видете и ова: Руски обвинител бара осум години затвор за новинар кој известувал за војната во УкраинаТој рече дека руската јавност сè уште не разбира дека војната оди кон пораз и дека „диктатурата на Путин нема да опстане“.
Каспаров, кој моментално живее во САД, е познат како остар критичар на политиката на Кремљ, вклучувајќи ја и војната во Украина.
Тој и уште еден истакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Михаил Ходорковски, поранешен нафтен тајкун, беа ставени во регистарот на странски агенти на Русија во мај 2022 година.