Американскиот претседател Џо Бајден разговараше за „трагичниот и алармантен инцидент“ во северниот дел на Газа во четвртокот со лидерите на Египет и Катар, како и начините да се обезбеди ослободување на заложниците на Хамас,којшто САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација, и шестнеделен прекин на огнот, соопшти Белата куќа.
Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 100 Палестинци биле застрелани од израелските сили додека чекале да им се достави помош со храна, но Израел го оспори бројот на жртвите и рече дека многу од жртвите биле прегазени од камиони со хуманитарна помош.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонреден состанок за ГазаВо одвоени разговори, Бајден разговараше за смртоносниот инцидент во северниот дел на Газа со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал-Тани.
Лидерите „се согласија дека овој инцидент ја нагласува итноста за завршување на преговорите што е можно поскоро и проширување на протокот на хуманитарна помош во Газа“, соопшти Белата куќа.
Најмалку 112 лица загинаа, а повеќе од 280 се ранети во инцидентот во близина на градот Газа, соопштија палестинските здравствени власти, бидејќи палестинскиот биланс на загинати во речиси пет месеци војна надмина 30.000.
Израел ги демантира податоците објавени од здравствените власти во Газа.
Бајден и двајцата лидери, исто така, истакнаа дека ослободувањето на преостанатите заложници, кои беа заробени од милитантите на Хамас во нивниот напад на Израел на 7 октомври, ќе резултира со непосреден и одржлив прекин на огнот во Газа во период од најмалку шест недели, соопшти Белата куќа.
Газа и околните области на северот на енклавата беа првите цели на израелската воздушна, морска и копнена офанзива, започната како одговор на нападот на Хамас,којшто САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација, на 7 октомври.