Граѓаните, сепак, ќе мора да ги заменат старите пасоши со нови на кои ќе пишува „Северна Македонија“. Во Собранието не поминаа измените на Законот за патни исправи, кои беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се бараше продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија до крајот на 2024 година.
Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа “за“.
Како што објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, против законските измени гласале пратениците од владејачкото мнозинство.
„Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија“, напиша пратеникот Милошоски на Фејсбук.
Видете и ова: Граѓаните може само да се сликаат, за пасоши ќе почекаатПретседателот на Собранието, Јован Митрески, вчера на 27 февруари одговарајќи на новинарско прашање изјави дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон.
Пред почетокот на денешната седница на 28 февруари ставот го споделија и од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија. Од таму велат дека за Северна Македонија е важно да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Но, дека признавањето на патните испрати е работа на секоја држава поединечно.
Видете и ова: ЕУ: Северна Македонија да ги почитува меѓународните договори, признавањето на пасошите е работа на секоја членка одделноПромената на личните и патни исправи е обврска од Преспанскиот договор кој Македонија го потпиша со Грција на 17 јуни 2018 година. Иако роковите од Договорот почнаа со промената на Уставот во февруари 2019 година, Северна Македонија не почна навреме да издава лични документи со новото име на државата, па граѓани кои вадеа лични документи во 2021 година, повторно ги добиваа со старото име Република Македонија.
Според Преспанскиот договор, граѓаните треба да ги сменат личните карти, пасошите и возачките дозволи во рок од пет години од влегувањето во сила на уставните измени.