Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор, нагласува Делегацијата на Европската Унија во земјава за МИА.
На прашањето за ставот на ЕУ во врска со предложените законски измени за продолжување на важноста на патните исправи до крајот на оваа година, кои се ставени на дневен ред денеска на 145-тата собраниска седница и дали таквите измени ќе бидат прифатливи за ЕУ, од Делегацијата добивме одговор дека она што е важно за земјава е да ги почитува меѓународните договори, но оти признавањето на патните испрати е работа на секоја држава поединечно.
„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја-членка одделно“, се наведува во одговорот на Делегацијата на ЕУ.
Северна Македонија досега доби официјално известување само од Швајцарија дека е дозволено движење со важечки пасош со старото уставно име.
Видете и ова: Граѓаните може само да се сликаат, за пасоши ќе почекаатМакедонските државјани засега немаат проблеми за влез во Хрватска, а хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на средба со техничкиот министер за внатрешн работи Панче Тошковски во понеделникот изјави дека Хрватска има разбирање за проблемот и дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност.
Од БиХ е испратен официјален допис дека дека не го признаваат пасошот без новото име. Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев информираше дека разговарал со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Нешиќ, при што договориле македонските граѓани да може да патуваат таму со лична карта, со старото уставно име.
Видете и ова: Тошковски: ЕУ нема да прави проблем за пасошите со старото уставно имеАмбасадорот на Белгија за Северна Македонија, Фредерик Мерис во интервју за „Независен“ објавено на 11 февруари најави дека работна група во ЕУ ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да бидат со новото име, Република Северна Македонија. Мерис оцени дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.
Промената на личните и патни исправи е обврска од Преспанскиот договор кој Македонија го потпиша со Грција на 17 јуни 2018 година. Иако роковите од Договорот почнаа со промената на Уставот во февруари 2019 година, Северна Македонија не почна навреме да издава лични документи со новото име на државата, па граѓани кои вадеа лични документи во 2021 година, повторно ги добиваа со старото име Република Македонија.
Според Преспанскиот договор, граѓаните треба да ги сменат личните карти, пасошите и возачките дозволи во рок од пет години од влегувањето во сила на уставните измени.