Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок мораше да ја прекине посетата на водовод во јужна Украина на 25 февруари кога беше забележан руски шпионски дрон, изјави претставник на Министерството за надворешни работи.
Баербок беше во посета на украинскиот град Миколајев за време на викендот, кога од членовите на делегацијата беше побарано брзо да се вратат кај оклопните возила во конвојот на Баербок, откако беше забележан руски дрон како лета над водоводот.
Видете и ова: Зеленски вети победа на двегодишнината од руската инвазијаБаербок претходно објави дека Германија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра (108 милиони долари) хуманитарна помош за Украина за поддршка на снабдувањето со вода, болниците и домувањето.
„Теророт на Путин овде продолжува секој ден. Но, луѓето овде во Украина се јасни: Ниту еден ден, ниту еден напад нема да може да ја уништи нивната борба за опстанок“, рече таа.
Германската влада во јуни во Берлин треба да одржи меѓународна конференција за реконструкција за поддршка на Украина.