Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е срамно македонскиот пасош со старото име се употребува во земји како Германија, Швајцарија, Албанија и Косово, а не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис.
„Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните“, рече Тошковски.
Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по предлог закон кој го доставил истиот ден заедно со Законот со возачките.
Видете и ова: МВР: Не доаѓајте во МРТВ и ПС Пролет, ако не сте добиле порака дека пасошот ви е готовНа 12 февруари оваа година истече периодот од пет години спред одредбата од Договорот од Преспа, со која престануваат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.
Истиот ден пратениците во Собранието по брза постапка ги изгласаа измените во законот за безбедност на сообраќајот, со што се овозможи датумите со важност на возачките дозволи со старото име на државата, наместо 12 февруари, да продолжат да важат до 31 декември 2024 година.
Но, престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.
Видете и ова: „Притворени“ во сопствената државаТошковски денеска рече дека Министерството за внатрешни работи презема максимум во рамки на можностите коишто ги има.
„Но, би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните“, рече Тошковски.
Тој истот така додаде дека пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.
„Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме“, рече Тошковски.
Бројка дека пристигнале 20.000 обрасци ја потврди и дополнителниот заемник министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.