Белата куќа, европските лидери и НАТО ги осудија изјавите на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој рече дека ако биде реизбран, Соединетите држави можеби нема да ги бранат членките на НАТО од потенцијална руска инвазија доколку не платат доволно за сопствената одбрана. и всушност би ги „охрабрил“ Русите да прават „што по ѓаволите сакаат“.
„Поттикнувањето на инвазиите на нашите најблиски сојузници од убиствените режими е ужасно и вознемирувачки – и ја загрозува американската национална безбедност, глобалната стабилност и нашата економија дома“, рече портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс на прашањето за коментарите на Трамп на 10 февруари.
Видете и ова: Интервјуто на Путин со Карлсон - критики за пропагандна платформаГенералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во писмена изјава на 11 февруари, рече дека „секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува целата наша безбедност, вклучително и онаа на САД, и ги става американските и европските војници во зголемен ризик“.
„Секој напад врз НАТО ќе биде проследен со обединет и силен одговор“, додаде Столтенберг.
Коментарите од Трамп доаѓаат додека тој се обидува да стане републикански кандидат за претседателските избори во ноември на кои треба да се соочи со демократскиот претседател Џо Бајден.
За време на неговиот претседателски мандат, Трамп – кој беше поразен од Бајден на изборите во 2020 година – често изразуваше сомнежи за потребата од НАТО и постојано се закануваше дека ќе се повлече од Алијансата доколку членките не го платат она што тој го сметаше за нивен праведен удел за нивната одбрана.
Членот 5 се смета за белег на НАТО алијансата, наведувајќи дека вооружениот напад врз една членка ќе се смета за напад против сите и ќе предизвика колективна акција за самоодбрана.
На предизборниот митинг во Јужна Каролина на 10 февруари, Трамп рече дека на состанокот со лидерите на НАТО за време на неговото претседателствување, претседател на една земја, што не ја именува, го прашал: „Па, господине, ако не платиме, и ние сме нападнати од Русија – дали ќе не заштитите?“.
„Реков: ’Не плативте? Дали сте деликвенти?‘ Тој рече: ’Да, да речеме дека тоа се случило‘. Не, не би ве заштитил. Всушност, би ги охрабрил да прават што по ѓаволите сакаат. Мора да платите“.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш на 11 февруари на платформата Икс објави дека „мотото на НАТО ’еден за сите, сите за еден‘ е конкретна посветеност. Поткопувањето на кредибилитетот на сојузничките земји значи слабеење на целата НАТО“.
„Ниту една изборна кампања не е изговор за играње со безбедноста на Алијансата“, додаде тој.
Видете и ова: Доналд Трамп нема претседателски имунитет, одлучи судот во САДГерманското Министерство за надворешни работи објави порака на Иск во која се вели: „Еден за сите и сите за еден“. Ова верување на НАТО одржува безбедни повеќе од 950 милиони луѓе – од Енкориџ до Ерзурум“.
Претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел, изјавите на Трамп ги нарече „непромислени“ и дека таквите напади врз „безбедноста на НАТО и солидарноста од [членот] 5 му служат само на интересот на [рускиот претседател Владимир] Путин“.
„[Таквите забелешки] не носат повеќе безбедност или мир во светот“, рече тој.