72-годишна пензионерка е осудена на пет и пол години затвор бидејќи наводно на социјалните мрежи пишувала за руските воени загуби во Украина, соопштија во понеделникот групите за човекови права.
Евгенија Мајборода, од Ростовската област во јужна Русија, беше обвинета според законот кој забранува намерно ширење на „лажни информации“ за руската армија, објави организацијата за човекови права ОВД-Инфо.
Мајборода призна вина, но негираше дека е мотивирана од „политичка омраза“, како што тврдеа обвинителите.
Таа објави две содржини на нејзината интернет страниц ВК, од кои едната беше „емотивно видео“ за конфликтот во Украина, а другата за бројот на загинати руски војници, соопшти правната група „Сетевје свибоди“.
Групата соопшти дека Мајборода се чувствувала принудена да ги сподели објавите откако нејзиниот брат бил заробен под урнатините на зграда „срушена од гранати“ во украинскиот град Днипро.
Портпаролот на градскиот суд на Шахти во Ростов, во изјава за АФП, ја потврди пресудата за Мајборода и рече дека таа е обвинета за нелегална содржина на нејзината страница, без да наведе повеќе.
Видете и ова: Рускиот суд казни медиум поради објавување текстови за антивоени протестиНа страницата VK на Мејборода има многу антивоени објави, меѓу кои и оние во кои руските власти се споредуваат со раководството на нацистичка Германија, објави рускиот сервис на Радио Слободна Европа.
Во пролетта 2023 година, Мајборода беше прогласен за виновна за прикажување кукаст крст на својата страница и поради тоа помина три дена во притвор.
Во јануари пак минатата година, таа беше казнета со 40.000 рубли (околу 410 евра) според членот од законот за дискредитација на руската армија на Врховниот суд. Пензионерката, на судското рочиште изјави дека не се согласува со постапките на руската армија и Кремљ кон Украина, а негативно ги оцени и активностите и личните квалитети на рускиот претседател Владимир Путин.
Руските власти ги забранија критиките кон војската веднаш по започнувањето на офанзивата против Украина во февруари 2022 година. Илјадници противници на војната беа цензурирани, затворани или прогонети.
Видете и ова: Мора да ја запреме омразата - малкумина Руси се осмелија да се против инвазијата на Украина61-годишен болен пензионер кој го критикуваше конфликтот овој месец беше осуден на повеќе од осум години затвор за непријателско предавство, обвинение што тој го негира.
Според проценките на ОВД-Инфо, во Русија се отворени случаи против најмалку 830 лица поради нивниот антивоен став, вклучително и против најмалку 250 лица обвинети за „лажни информации“ за руската војска.