Судот во Москва го осуди рускиот националист Игор Гиркин (познат како Стрелков) на четири години затвор под обвинение за јавно повикување на екстремистички активности.
Обвинителите минатата недела побараа речиси пет години затвор за поранешниот лидер на сепаратистите во источна Украина поддржани од Кремљ. Гиркин ги негираше обвинувањата.
Гиркин (53) беше уапсен во јули 2023 година, откако остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин во објави на интернет поради неговото справување со инвазијата врз Украина. Тој го обвини лидерот на Кремљ за „кукавичка просечност“ и го опиша како „ништо“.
Тој, исто така, го повика министерот за одбрана Сергеј Шојгу за „грешки“ во инвазијата на Украина и ги обвини него и Путин за „неспособност“.
Минатата година Гиркин дури го повика Путин да ја пренесе власта на „некој навистина способен и одговорен“.
Видете и ова: По падот на авионот, Зеленски ја обвинува Русија и бара меѓународна истрагаПоранешниот офицер на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Гиркин, исто така, се залагаше за целосна воена мобилизација за да се обезбеди руска победа во војната против Украина.
Гиркин беше клучен командант на сепаратистите поддржани од Русија во источниот регион на Украина, Донбас, во 2014 година и и помогна на Русија да го анектира украинскиот Крим таа година.
Тој се борел во Босна и Херцеговина во 1990-тите, како волонтер на страната на Армијата на Република Српска.
Во ноември 2022 година, холандскиот суд ги осуди Гиркин и уште двајца други обвинети на доживотен затвор во отсуство за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс „во 2014 година над Украина. Во несреќата тогаш загинаа сите 298 луѓе во авионот.
Видете и ова: Новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева 100 дена во руски притвор: „Сè помалку е подносливо“Во моментот кога авионот беше соборен, тој беше министер за одбрана и командант на вооружените сили на самопрогласената Народна Република Доњецк – регионот каде што беше соборен авионот.
Гиркин е под санкции од Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради неговата улога во анексијата на Крим.
Украина го обвинува Стрелков за бројни воени злосторства во источна Украина. Генералното обвинителство во Киев води кривична постапка против Гиркин, обвинувајќи го за создавање терористичка организација, организирање масовни бунтови, како и терористички акти.