Зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е во сопственост на државата, соопшти на 24 јануари Врховниот суд на Република Северна Македонија. Пресудата во корист на државата е донесена на 9 ноември. Зградата на ССМ се наоѓа во центарот на Скопје.
Судот донел пресуда со која им се одзема работничкиот дом на ССМ.
Во образложението на пресудата се наведува дека Врховниот суд одлуката ја донел врз основа на член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации, според која имотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани, добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска на вонредна прес-конференција најави дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, како и од Советот на судии, доколку донел ваква одлука.
Видете и ова: Растот на платите во сенка на инфлацијата, слаб ефект од државните мерки„Од 1992 година правени се разни обиди да се грабне, да се приграби овој објект како Работнички дом во интерес на некои елити. Тоа што го правеа со фабриките што ги градеа работниците сакаат да го направат и со Работничкиот дом и во низа години се правеле разни обиди, се воделе разни постапки со кои се сакало да се одземе имотот, меѓутоа аргументите биле пресилни. Средствата кои сме ги двоеле биле преголеми“, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија, а за пресудата на Врховниот суд, упати одговорите да се бараат таму.