Акција против дивите паркинзи на зелени површини, нови куќички за скопските стритери, на плоштадот во Скопје беше поставена покриена чекална со столчиња за да можат граѓаните да седнат додека чекаат влез во ЕУ, борба против корупцијата, да се изгради патот Кичево – Охрид, да се исчистат депониите... Ова се само последните герила акции зад кои стои и Никола Писарев кои се и протест, но и имаат за цел да ги разбудат институциите и властите.
Тој вели дека луѓето се почесто се самоорганизираат, но не можат да ја работат работата на институциите, не можат тие да го водат градот, ниту да го исчистат.
Правите јавен притисок, ќе профункционира некое време, но проблемот е што институциите не си ја вршат својата работа.
Видете и ова: Војна со градежната узурпација - мали победи против моќните инвеститори
Кликнете на Зошто каде Писарев зборува и за „заморот“ и разочарувањето по Шарената револуција, но и зошто верува дека оние кои се поданици се помалку од граѓаните кои можат да решат да ги земат работите во свои раце, иако практикувањето на ова демократско право е уште во зародиш.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Писарев верува дека поданици се само оние кои се партиски вработени, повеќето размислуваат поинаку, надвор од партиските матрици.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Но признава дека има и едно разочарување и треба допрва да се врати самодовербата.
Мислам на периодот пост – шарена револуција. Формирање на Влада и се она што ни се случува денеска. Да бевме малку попаметни и да бевме малку похрабри после шест месеци ќе излезевме со истите стапови и ќе удревме по другите. Ама не го направивме тоа. За жал. Бевме многу уморни, а еден куп луѓе тргуваа со интерес.
Од акциите кои завршиле со успех ја издвојува битката за здрава вода во Гевгелија која траеше 4 години, но сега во водата за пиење нема веќе арсен.
Герила акциите се “родољубие и патриотизам“ за Писарев додавајќи дека некогаш треба и „да ги израдуваш луѓето и да ги направиш барем за миг среќни во несреќнава држава“.
А вие почитувани слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа. Кликнете на поткаст Зошто и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.