Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон испратил приватна порака до Техеран за бунтовниците Хути со седиште во Јемен. Хутите кои се поддржани од Иран, се одговорни за нападите врз меѓународните бродови во Црвеното Море.
„Го испорачавме тоа приватно и уверени сме дека сме добро подготвени“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа на 14 јануари, часови откако американските и другите сили извршија втор напад врз локациите на Хутите во Јемен.
Видете и ова: Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економијаДетали за приватната порака не беа откриени. Соединетите држави и Иран немаат формални дипломатски односи, а работите меѓу двете нации генерално се решаваат преку швајцарската амбасада во Техеран од 1979 година.
Бунтовниците Хути чии напади врз бродови се поврзани со Израел, но напаѓаат и други комерцијални бродови во Црвеното Море, поттикнаа зголемени воени одговори од САД и нивните сојузници. Хутите во Јемен кои ветија „силна“ одмазда по вториот напад во јануари 13.
Заканата ја засилува загриженоста за големи воени конфронтации кои произлегуваат од војната на Израел против терористичката група Хамас назначена од САД и ЕУ како терористичка, како и движењето Хути кое ужива иранска поддршка.