Откако Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на Кривичен наместо притвор да им се определи мерки за претпазливост за четворицата приведени во врска со упадот во зградата на М-НАВ на 4 јануари, Кривичиот суд Скопје пак утрово излезе со соопштение во кое образложува зошто за осомничените е донесена ваква одлука.
Според Обвинителството, со упадот во зградата на М-НАВ на 8 лица (по четворица се уште се трага), сторено е кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и поради тоа побараа притвор за приведените, но според Кривичен, не постојат доволно елементи за оваа квалификација.
„Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“, се вели во соопштението на судот.
Видете и ова: Обвинителството ќе се жали бидејќи Кривичен не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во М-НАВОд Кривичен, објаснуваат и дека од обвинителството не понудило доволно докази за инцидентот во М-НАВ.
„Од страна на ОЈО Скопје не се доставени докази - медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај. Воедно мора да се има предвид дека според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата - Томислав Тунтев“, додаваат од Кривичен истакнувајќи дека поради сето ова одлуката била да се донесат мерки за претпазливост, а не притвор.
Видете и ова: Мерки за претпазливост за четворица осомничени за нападот во М-НАВ„Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид“, се додава во соопштението.
Од Кривичен додаваат и дека откако ќе ја добијат најавената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, и покрај ова соопштение, за истата ќе одлучува Кривичниот совет, кој пак може или да ја потврди или да ја преиначи одлуката.
Видете и ова: Финансиска полиција влегува во М-НАВВо инцидентот кој се случи 4 јануари, Беким Незири, вработен во институцијата и неколку други лица упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром по прес-конференцијата на синдикатот на М-НАВ, на која порачаа дека нема да прифатат партиски вработувања.
По ова, премиерот Ковачевски најави дека Владата на 9-ти јануари на седница ќе расправа за инцидентот, додека истиот ден Управата за финансиска полиција најави влез во М-НАВ каде финансиските инспектори ќе го испитуваат целокупното финансиско работење, работата на целокупниот менаџмент, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања во институцијата.