Родилка од Делчево ноќта на 26 декември починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје, откако била донесена во тешка здравствена состојба од штипската болница.
Новороденчето, пак, е сместено на Детската клиника и е на интензивна и механичка вентилација.
Информациите за МИА ги потврди директорките на двете клиниките, Маја Мојсовска и Стојка Нацева-Фуштиќ.
Видете и ова: Министерството за здравство ќе го истражува случајот со родилката која се обиде да се самоубиеФушиќ во изјава за државната агенција МИА посочува оти бебето се родило со низок апгард односно ниски витални функции на раѓање.
Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев, пак, потврди дека вчера (26 декември) после 10 часот родилката од Делчево била донесена во оваа здравствена установа. На Одделението за гинекологија и акушерство веднаш бил извршен итен царски рез, по што во попладневните часови родилката заедно со новороденчето биле пренесени и хоспитализирана во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.
Ѓеорѓијев најавува дека со подетални информации ќе излезат утре откако ќе биде готов извештајот на интерната Комисија за контрола на квалитет и етички прашања при Клиничка болница Штип.
Видете и ова: Родилките „стискаат“заби наместо да бараат психолошка помош