Русија „внимателно го следи и го поздравува“ успехот на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ на парламентарните избори во таа земја, изјави на 18 декември во Москва портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
Коментирајќи ги прелиминарните резултати од парламентарните избори во Србија, Пексов рече дека „тоа е исклучиво внатрешно прашање на Русија пријателска и братска Србија“, но дека Москва „секако го поздравува овој успех на господинот Вучиќ“, пренесува Тасс.
Песков изрази надеж дека тоа ќе придонесе за понатамошен развој на Србија и очекува дека ќе продолжи „патот на натамошно зајакнување на пријателството, заемно корисната соработка и почитување“ меѓу двете земји.
Видете и ова: Сервер: Вучиќ го зазеде и прорускиот и проевропскиот простор во СрбијаНа вонредните парламентарни избори во Србија победи листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“.
По обработени 94,74 отсто од гласачките ливчиња на парламентарните избори, изборната листа „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,87 отсто од гласовите, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичката изборна комисија (РИК).
Најголемата опозициска листа „Србија против насилството“, која се состои од широка коалиција на опозициски партии, освои 23,34 отсто од гласовите.