Владата на Бугарија ќе ја укине таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија. Таксата беше воведена во октомври со очекување Владата да прибере околу 2,4 милијарди евра од транзитот на рускиот гас низ територијата на земјата.
Партиите ГЕРБ и „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) предложија законски измени, со кои ќе се одложат таксите за транзит на руски гас низ Бугарија. Ова го изјавија лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков.
Аргументот што тие го изнесоа беше приемот на Бугарија во Шенген и ветото на Австрија на тоа. Уште пред неколку месеци експертите изјавија дека воведувањето на таксата има за цел да му пркоси на австриското вето.
Во исто време, австрискиот министер за внатрешни работи рече дека Виена е подготвена да ги отстрани граничните контроли за бугарските и романските граѓани, но само за воздушниот сообраќај.
Петков, изјави дека ваквата одлука е во рамки на определбата на Бугарија да го следи заедничкиот европски пристап.
Видете и ова: Србија се обрати до Енергетската заедница поради бугарските даноци за рускиот гас„Оваа такса не треба да биде еднострано воведена од страна на Бугарија. Неопходно е да работиме со Европската комисија со цел заедно со сите европски земји да воведеме давачки кои всушност ќе имаат ефект и врз економијата на Руската Федерација“, изјави Петков.
Според него, Бугарија ќе ја спроведе одлуката за ваквата такса, тогаш кога Европската комисија ќе создаде механизам за воведување на овој надоместок.
Првиот човек на втората водечка партија во владината коалиција Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и исто така поранешен премиер Бојко Борисов, оцени дека оваа такса не би требало да биде пречка за приемот на земјата во Шенген зоната.
„Бидејќи сме доста блиску до Шенген, треба да се отстрани секоја можност оваа такса да не попречи во тоа“, рече Борисов.
Најголеми последици од ваквата такса се очекуваше да имаат Унгарија и Србија, кои проценија дека оваа давачка ќе резултира со зголемување на цената на гасот за крајните корисници за околу 20 отсто и побараа од Софија да се откаже од нејзиното воведување.
Србија и Унгарија официјално се обратија до Европската комисија со барање да реагира во врска со бугарските такси.
Видете и ова: Дали бугарскиот данок на рускиот гас ќе ги зголеми цените - сите чекаат одговор од ЕУИ македонските власт сметат дека таква такса не треба да се воведе.
Гасот кој доаѓа во Северна Македонија главно го троши индустријата и трите постројки на компанијата за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО, додека учеството на домаќинствата речиси е незначително во вкупната потрошувачка заради ограниченото ширење на дистрибутивната мрежа.