Италија се повлече од големата кинеска иницијатива за инфраструктура „Појас и пат“, четири години откако стана единствената земја на Г7 што се приклучи на иницијативата, изјави денеска владин извор.
Долгоочекуваната одлука му беше соопштена на Пекинг пред три дена, според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, кој прв ја објави веста.
Ниту една од страните не објави официјална комуникација, но извор од италијанската влада потврди за новинската агенција Асошиејтед Франс прес дека Рим се повлекол.
Изворот не наведе други детали освен дека тоа е направено на начин што „каналите на политичкиот дијалог се отворени“.
Премиерката Џорџа Мелони долго време се противеше на учеството на Италија во иницијативата, која многумина ја гледаат како обид на Пекинг да купи политичко влијание и чии придобивки за Рим се ограничени.
Договорот требаше автоматски да биде обновен во март 2024 година, освен ако Италија не се откаже до крајот на оваа година.
Видете и ова: Столтенберг предупредува на руско влијание во Западен БалканНо, Мелони и нејзината десничарска влада исто така беа претпазливи да го испровоцираат Пекинг и да ризикуваат одмазда против италијанските компании.
Таа во септември им рече на новинарите на самитот на Г-20 во Делхи дека ако Рим се откаже од проектот, тоа „нема да ги загрози односите со Кина“.
Пекинг вели дека повеќе од 150 земји, кои се протегаат од Уругвај до Шри Ланка, ја потпишале иницијативата, централен столб на напорите на кинескиот претседател Кси Џинпинг да ја прошири моќта на Кина во странство.
Иницијативата „Појас и пат“ е поздравена од поборниците за носење на ресурси и економски раст, но иницијативата беше критикувана и за оптоварување на сиромашните земји со огромни долгови.
Постои загриженост, особено меѓу западните земји, дека Кина се обидува да го обликува глобалниот светски поредок во своја полза, додека гласовите на опозицијата во земјите на „Појас и пат“, исто така, го осудија она што тие го гледаат како зголемено кинеско влијание во локалната политика.
Видете и ова: Отворен Балкан, Кина и црвените линииВо меѓувреме, Вашингтон предупреди дека Кина може да ја искористи иницијативата како изговор за изградба на воени бази ширум светот во име на заштита на инвестициите на „Појас и пат“.
Италија, членка на Европската унија, групата Г7 на напредни економии и НАТО, се приклучи на „Појас и пат“ во 2019 година под владата на тогашниот премиер Џузепе Конте.
Пред да ја преземе функцијата во октомври 2022 година, Мелони рече дека тоа е „грешка“.
Покрај тоа, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во септември изјави дека членството „не ги произведе резултатите на кои се надевавме“.
Експертите забележаа дека другите големи европски економии, како Германија и Франција, не се приклучија на „Појас и пат“, но сепак обезбедија важни трговски и инвестициски договори со Кина.