Вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска очекува домашните институции да си преземат сите неопходни мерки по соопштението на Стејт Департментот на кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и членовите на неговото семејство на „црната листа“ поради „неговата вмешаност во значителна корупција“ и го означи како генерално неподобен за влез во САД.
„Секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер, е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата. Веќе предложивме и тоа помина на Влада да се направат измени во Законот за рестриктивни мерки, при што покрај санкциите од ЕУ и ОН, ќе бидат додадени и санкциите од САД и тоа ќе биде дополнителна вредност во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Грковска на новинарско прашање на маргините на Отворен форум за антикорупција.
Видете и ова: Стејт Департмент: Забрана за влез на Кочо Анѓушев во САДВо соопштението на Стејт Департментот е наведено дека Анѓушев ја злоупотребил својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска изјави дека од Владата веќе барале разрешување на Анѓушев во 2019 година, кога утврдиле судир на интереси затоа што учествувал во расправата и носењето на владината одлука за намалување на царината за увоз на литиумски батерии а при тоа неговата фирма се бави со увоз на литиумски батерии.
„Ние дадовме иницијатива до Владата за негово разрешување, но Владата не извести дека тоа не е судир на интереси, тој понатаму продолжи да биде дел од техничката влада. Владата не си призна дека некој од членовите на Владата се нашле под судир на интереси, исто како што не си призна и за низа советници за кои истакнавме исто, добивме одговор Лицето не било дел од судир на интереси. Сега ние сме посебна институција која се бави со темата судир на интереси и треба да се почитуваат надлежностите и одлуките на таа институција“, вели Ивановска.
Според неа останува неисполнета препораката на ГРЕКО за справување со судирот на интереси.
Видете и ова: Гратис софтверот за онлајн попис води до поранешна шефица на кабинет на АнѓушевПо соопштението од Стејт Департментот се огласи и американската амбасадорка Ангела Агелер која на социјалната мрежа „Х“ порано позната како Твитер, напиша дека денешната одлука на Стејт Департментот е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите.
„Ќе следуваат повеќе означување за корупција, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија“, напиша Агелер.
По оваа информација, Анѓушев соопшти дека „нема никаква основа за ограничување на неговиот влез во САД“.
„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департмент и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Анѓушеви лидери во бизнисот со мали хидроелектраниДодава и дека „четири години по неговото самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од неговото работење“. Во соопштението Анѓушев кажува и дека има фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, плаќа данок во Соединетите Американски Држави и дека е „партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД“.
Видете и ова: Милионски профити на сопствениците на хидроелектраните за сметка на граѓанитеАнѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од Зоран Заев, како премиер. Анѓушев e сопственик и извршен директор на групацијата „Феро Инвест“и фабриката „Брако“. Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласи Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.