Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, засега нема закажано средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје.
Од кабинетот на Берборк за РСЕ изјавија дека шефица на германската дипломатија очекува на овој состанок да се зајакне улогата на ОБСЕ. Таа смета дека е добро што ќе биде избран следниот претседавач со ОБСЕ, Малта, како и другите четири позиции во меѓународната организација. Со тоа ОБСЕ ќе ја истакне својата улога на меѓународната политичка сцена.
Видете и ова: Министерски совет на ОБСЕ во СкопјеВо Скопје се одржува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.
На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста, присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ - САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.