Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) како тенденциозни и неосновани, вели во писмена реакција директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, откако на 15 ноември антикорупционерите одлучија да поведат иницијатива за кривично гонење поради незаконитости во работење во Агенцијата односно несовесно работење и трошење на буџетски средства меѓу кои и за вработувања.
„Станува збор за наоди кои се невистинити, наоди извадени од контекст или наоди кои се однесуваат на време во кое јас воопшто не сум бил директор на Агенцијата за филм. Конкретно, последното вработување во Агенцијата за филм на РСМ е во 2017 година, кога директор на Агенцијата било друго лице. За 2021 и 2022 се поднесени барања за вработување во Агенцијата и за истите Агенцијата добила негативен одговор. Дополнително, исплата и склучување договор за изработка на стратегија за филм е потпишано и исплатено во 2018 година од страна на претходниот директор“, вели директорот.
Видете и ова: Сопки на патот до новите „антикорупционери“Во реакцијата тој додава дека никогаш не бил на чело на друга институција за да се тврди дека вработувал блиски роднини во јавни установи.
„Како човек и функционер, не можам да разберам дека претседателката на органот кој треба да се занимава со спречување на корупцијата, изнесува тврдења базирани на конструкции и невистини. Соработката и финансирањето на здруженијата од областа на филмската дејност се во согласно одредбите од Законот за филмска дејност, и забелешките и препораките по однос на ова прашање во Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) не ја доведуваа во прашање ваквата законитост и постапување на Агенцијата за филм“, наведува Лазаревски, додавајќи дека како Агенција во целост постапиле според препораките од ревизорскиот извештај, во рок од 90 дена.
Случајот со Агенцијата за филм се најде на седница на ДКСК на 15 ноември. Тогаш, претседателката на Антикорупциска, а Ивановска, го образложи случајот и посочи на ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирањето експерти и лица со договор на дело.
Видете и ова: Ивановска: Борбата против корупцијата не е подобренаТаа истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.
„Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања“, рече претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.