Вработени во Фондот за здравствено осигурување најавија доколку не се исполнат нивните барања кои се поврзани со ниските плати кои ги земаат, соопштија денеска од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).
Ќе одржат предупредувачки протест во петок во кој ќе бидат вклучени и вработените од други државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од синдикатот тврдат дека службениците во Фондот за здравствено осигурување имаат најниски плати од сите органи на државната управа и дури и со звбир од две плати не ја достигнуваат минималната синдикална кошничка која изнесува 48 илјади денари.
„Да се извести министерот за здравство дека не смее и не може да потпишува колективни договори со кои им се зголемува платата на администрацијата во јавно здравствените установи без истото да важи за вработените во ФЗО, веднаш и без одлагање да се постапи согласно одлуката на ССМ за назначување на член на управен одбор во ФЗО затоа што на сегашниот му е истечен мандатот од месец септември 2023 година“, рече претседателот на синдикалната организација на ФЗОМ Бранко Аџигогов.
Видете и ова: Сè повеќе пари се одобруваат за клиниките, но уште кубурат со лекови
Аџигогов вели дека ќе протестираат пред Собранието затоа што тогаш најверојатно ќе се гледа распределбата на буџетот за ФЗО. Барањата на Синдикалната организација на ФЗО се да се усогласат платите согласно платите на администрацијата во Клинички центар и клиничките болници, веднаш да се формира комисија за колективен договор и тој да биде донесен до крајот на годинава при што да се смени директорот на секторот за финансиски прашања Миле Сугарев.
„Вработените во Фондот за здравствено осигурување имаат најниски плати од сите органи на државната управа. Над 50 проценти од нив, ниту со две плати не можат да ја достигнат минималната синдикална кошничка која сега изнесува 48,389 денари. Во споредба со останатите институции со кои ФЗО има сродна дејност, вработените во ФЗО имаат од 120 до 150 евра пониска плата за истото работно место, рече Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски .
Видете и ова: Откупот за сајбер нападот врз ФЗО не бил милионски
Во однос на преговорите, тој информираше дека се водат веќе половина година со раководството на ФЗО за сите вработени да добијат 15 проценти зголемување на плата. Иако им било ветено дека ќе го добијат покачувањето во август годинава, им биле исплатени само 2,5 проценти и им било кажано дека за останатиот дел немаат согласност од Министерството за финансии.
Но, според информациите на Синдикатот на УПОЗ, можно е никој од вработените во државната администрација да не добие усогласувањето во март, а можно е и Општиот колективен договор за јавен сектор да не се имплементира како што е предвидено.