Србија официјално се обрати до Секретаријатот на Енергетската заедница - регулаторното тело на Европската унија, во врска со наметнатиот данок од Бугарија за рускиот гас, изјави на 17 ноември српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, соопшти Министерството.
Во Белград за тоа разговарала со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
„Сакаме да бидеме сигурни да нема прекршување на европските регулативи, ниту на договорните обврски и договори. Ќе се обидеме и во дијалог со бугарската страна да најдеме решение и да ги надминеме предизвиците кои би имале негативни последици за снабдувањето со природен гас“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ.
Во средината на октомври Бугарија воведе дополнителни даноци за увоз и транспорт на руски гас во износ од 20 бугарски лева (околу 10 евра) за мегават/час како дел од рестриктивните мерки против Русија поради инвазијата на Украина.
Видете и ова: Унгарија бара од ЕУ да преземе мерки против бугарскиот транзитен данок на рускиот гасСпоред бугарскиот премиер Николај Денков, целта на данокот не е да се зголемат цените на гасот за Србија и Унгарија, туку да се намали профитот на Гаспром - рускиот гигант кој преку Бугарија доставува гас за Србија и Унгарија.
Сепак, Србија и Унгарија овој потег на бугарските власти го оценија како „непријателски“, наведувајќи дека заеднички ќе бараат одговор од Европската унија.
Министерството соопшти дека Ѓедовиќ Хандановиќ и Сијарто разговарале за соработка во областа на снабдување со природен гас, изградба на нафтоводи и зајакнување на капацитетите за пренос на електрична енергија меѓу двете земји.
Србија и Унгарија заедно работат на изградба на нов нафтовод преку кој Србија треба да се поврзе со рускиот нафтовод „Дружба“ и со на тој начин да го надомести тоа што поради санкциите на ЕУ од декември 2022 година не може да увезува руска нафта преку хрватскиот нафтовод ЈАНАФ.
Според српската министера за енергетика, изградбата на тој гасовод ќе започне во втората половина на 2025 година.
Видете и ова: Дали бугарскиот данок на рускиот гас ќе ги зголеми цените - сите чекаат одговор од ЕУДвете земји имаат договор за складирање гас од јуни 2022 година, а во јули 2023 година потпишаа договор за формирање на заедничка компанија за трговија со гас.
Двете земји во долема мера се зависни од рускиот гас.
Србија беше принудена да изнајми складиште за гас во Унгарија бидејќи нема доволно сопствен простор. Надлежните со години најавуваат проширување на единствениот магацин на територијата на Србија, Банатски двор, но проектот не е завршен.
Притоа, Србија не го користи ниту целиот капацитет на својот магацин, бидејќи половина од сопственоста е на рускиот Газпром.