Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело, истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.
„Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања“, рече претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.
Иницијатива за кривично гонење ДКСК усвои и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ Радовиш без објавување оглас.
Видете и ова: Сопки на патот до новите „антикорупционери“Членот на Комисијата Нури Бајрами, кој рефереираше за случајот, рече дека за ангажирање на ова лице не е објавен оглас ниту еднаш, оти нема можност и за други кандидати односно му се овозможува само на едно лице да се вработи и функционерска плата. Според него, нема како да се нарече оваа ситуција освен дека е корупција и упад во правниот систем.
До ДКСК се стасани материјали и за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во Обвинителството.
Видете и ова: Ивановска: Борбата против корупцијата не е подобренаНа почетокот на денешната седница, ДКСК го разгледа Извештајот на ЕК во делот што се однесува на нивната работа.
Претседателката Ивановска рече дека без разлика што веќе петта година се во Комисијата, ефектот од нивната работа не може да дојде до целосна реазлизација поради неспроведување на нивните иницијативи од страна на институциите, Владата и други органи. Таа изрази надеж дека наредниот состав на Комисијата, за којшто веќе е распишан оглас, ќе ја надмине нивната работа во позитивна смисла.