Во главниот град на Украина, Киев, се огласија предупредувања за воздушен напад поради неколку силни експлозии, додека Украина на 11 ноември ја одбележа првата годишнина од ослободувањето на градот Херсон.
Украинските воздушни сили во текот на ноќта издадоа предупредување за напади со беспилотни летала, известувајќи дека одбранбените сили уништиле пет беспилотни летала (UAV) над регионите Дњепропетровск, Харков, Миколајев, Полтава и Киев.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на социјалната мрежа „Телеграм“ напиша дека се активирани силите за воздушна одбрана и дека цивилите треба да се засолнат.
Алармите за предупредувања се огласија во време кога Украина ја одбележа првата годишнина од ослободувањето на јужниот град Херсон, единствениот регионален административен центар заземен од руските сили за време на масовната инвазија започната во февруари 2022 година.
Видете и ова: Ново продолжување на воената состојба и општата мобилизација во УкраинаРускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, нареди војниците да се повлечат од градот на 9 ноември. Киев го објави ослободувањето на градот два дена подоцна.
За време на месеците на окупација, руските сили предизвикаа значително уништување на инфраструктурата на градот и ги ограбија неговите два главни музеи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук им се заблагодари на жителите на градот за нивната „стабилност и верба во Украина“ за време на окупацијата и на „секој од војниците кои го овозможија тоа“.
Видете и ова: Маката на Украинците да го обноват јужниот регион пред претстојната зимаВо објава на Телеграм, генералот Кирило Буданов, шеф на военото разузнавање, го нарече ослободувањето на градот „значајна пресвртница“.
За време на својот дневен брифинг на 11 ноември, украинскиот Генералштаб објави дека се случиле околу 87 судири во текот на претходните 24 часа, нагласувајќи дека Русија извршила бројни ракетни напади, артилериски и воздушни напади насочени кон „позициите на нашите војници и населените области“.
РСЕ не можеше да ги потврди извештаите од областите каде се водеа тешки борби.
Генералштабот објави дека украинските сили „продолжуваат со јуришни операции“ во близина на источниот град Бахмут и во други делови на регионот Доњецк, вклучително и околу Маринка и Новомихајливка.
Видете и ова: Украинската контраофанзива не оди според планот, какви се прогнозите?Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин на 10 ноември го посетил штабот на руската војска во јужниот руски град Ростов за ажурирање на воените операции против Украина. Тој, наводно, бил придружуван од Шојгу и генералот Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија.
Инаку, за потсетување, ова беше петти пат Путин (71) да го посети јужниот воен округ во последните 20 месеци откако Москва го нападна својот сосед.