Достапни линкови

Украинската контраофанзива не оди според планот, какви се прогнозите?


илустрација
илустрација

Украина објави дека управува со најмалку два моста преку реката Дњепар. Дали е тоа последната шанса да се направи нешто повеќе од петмесечната контраофанзива на Киев или сигнал за добри вести пред рускиот повеќестран напад, останува отворено прашање.

Во уништениот источен индустриски град Авдијевка, украинските трупи се обидуваат да ја избегнат повеќекратната руска офанзива, односно најголемата единствена координирана акција откако Москва започна инвазија во февруари 2022 година.

На околу 500 километри југозападно, нешто друго се случува: Украинците ја поминуваат реката Дњепар.

Речиси две недели, на локација крај мочуриштата покрај источниот брег на реката, украинската поморска пешадија и другите единици се спротивставуваат на нападите на руските падобранци и на честите напади на борбени авиони и артилерија.

Не е јасно дали овие напори ќе бидат успешни, премините на реките се комплицирани и опасни дури и за најдобро опремените армии. Украинските сили ќе треба да префрлат повеќе војници и тешка опрема преку реката доколку сакаат да отворат нов голем фронт со руските сили, велат експертите. Зошто?

Во најдобар случај, преминувањето на реката е сигнал на добра вест, бидејќи поголемата контраофанзива на Украинците, започната на почетокот на јуни, наиде на моќна руска одбрана и наскоро ќе биде зафатена со влажното - зимско време. Во најлош случај, тоа е знак на очај, последен здив во контраофанзивата, што не успеа да ја постигне својата цел, да го пресече коридорот под контрола на Русија и да стигне до Азовското Море.

„Одбраната на Русија сега е длабока, добро подготвена и поддржана од значителни резерви, додека Украина во голема мера се бори со силите собрани на почетокот на инвазијата во 2022 година, кои никогаш не го имале луксузот на соодветна обука на ниво на бригада“, смета Стивен Бидл, советник на генералот Дејвид Патреус за време на војната во Ирак, а сега професор по меѓународни односи на Универзитетот Колумбија.

„Оваа комбинација не е погодна за брз офанзивен успех“, убеден е Бидл.

Русија го возвраќа ударот

Во јужниот регион Запорожје, една од трите локации на кои Украина се фокусираше кога ја започна својата долгоочекувана контраофанзива во јуни, украинските трупи користеа западно оружје - тенкови леопард, оклопни транспортери Бредли, борбени возила на пешадија Мардер, за да се обидат да ја нарушат руската одбрана составена од: серија ровови, противтенковски пречки и мински полиња, слоеви на пречки наречени линија на Суровикин итн.

Обидот не успеа и голема количина опрема од Запад беше оштетена или уништена.

По пробивањето на еден или два одбранбени делови во септември јужно од градот Орихив во Запорожје, украинските трупи не отидоа многу подалеку.

Силите на Киев напредуваа „просечно само 90 метри дневно на јужниот фронт во екот на летната офанзива“, анализира Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон.

Сепак, се додава дека „бавниот напредок на јужниот фронт не значи дека Украина не успева или нема да ја исполни својата цел“.

Од друга страна пак, бавниот напредок е голем предизвик за војската на Украина, како и за политичките лидери.

„Недостигот на пробив во летната офанзива на Украина и промената на материјалната предност кон Русија значат дека Киев мора внимателно да се бори ако сака да ја задржи иницијативата“, се вели во извештајот на Royal United Institute, лондонска истражувачка организација.

„Недостигот на пробив во текот на летото во развојот на офанзивниот пресврт на Украина во материјална предност (против Русија) значи дека Киев мора внимателно да се бори, доколку сака да ја задржи иницијативата“, се вели во извептајот на Кралскиот институт со седиште во Лондон.

Обид да се направи нешто

Во регионот Херсон минатата година, украинските трупи го засилија притисокот врз руските бригади кои ги бранеа западните брегови на Дњепар, кои Русија ги контролираше од првите недели од инвазијата.

По неколкумесечни напади, во ноември 2022 година, руските сили се повлекоа на спротивниот брег. Тие се воспоставија таму и го гранатираа градот Керсон, тероризирајќи ги цивилите и гаѓајќи ги украинските позиции.

Украина почна да испраќа помали единици по должината на реката и во неделите што следеа, командантите извршија мал напад на устието на Дњепар, но не успеаја да ги оттргнат руските сили.

По пукањето на главната брана на реката Дњепар, Каховка, која беше под руска контрола во јуни, илјадници хектари низводно беа потопени, што го комплицираше и украинското напредување и руската одбрана.

На 18 октомври, руски воен блогер објави дека украинските трупи го преминале Дњепар, околу осум километри низводно од Антонивскиот мост во Херсон. Во еден извештај се наведува дека единиците стигнале до селото Пишчанивка, околу два километри југоисточно од брегот на реката.

Руското Министерство за одбрана подоцна ги потврди извештаите за преминувањето на реката.

Во меѓувреме, на 30 октомври, канал на платформата Телеграм поврзан со поранешен функционер на руското Министерство за одбрана рече дека украинските војници влегле во селото Кринки, околу 20 километри возводно од Пишчанивка.

Украинските сили „успеаја да се консолидираат: центарот на селото го држат неколку десетици припадници на украинските единици. Расчистувањето на населбата (од украинските сили) е комплицирано поради тешкиот непријателски артилериски оган и операции на непријателско електронско војување“, објави Телеграм.

Немаше независна потврда за овој извештај, иако Украинците известија дека Кринли бил погоден од воздушни напади во текот на ноќта.

„Фактот што успеаја успешно да ја преминат реката и повторно да воспостават контрола на два или три моста е значајно достигнување и покажува дека Русите во моментов имаат проблеми со серија операции на североисток, исток и јужно од земјата“, рече Мик Рајан, пензиониран австралиски армиски генерал-мајор.

„Во тој поглед, сè уште е рано и останува нејасно дали потегот за туркање на Русите понатаму на исток е важна операција сама по себе. Моето чувство е дека Украинците решија да се обидат и да видат какви можности можат да се отворат за нив“, изјави Рајан.

На исток, руските трупи започнаа напади од два одвоени насоки на Авдијивка на 10 октомври, добро утврдена локација во која се наоѓа најголемата коксула во Украина. Градот е под украинска контрола од 2014 година, што им даде можност на неговите војници да ги загрозат логистичките рути на исток и југоисток кон градот Доњецк.

Најпрво руските војници претрпеа големи загуби, Белата куќа минатата недела тврдеше дека најмалку 125 руски оклопни возила и многу опрема биле уништени околу Авдијивка. Институтот за воени студии и Вашингтон процениле дека руските трупи изгубиле стотици луѓе и повеќе од 100 оклопни возила и тенкови.

Значителен трошок

Русија го подигна нивото, заземајќи неколку позиции северно и јужно од градот и ги засили стравувањата од повеќестрано опкружување на украинските трупи. Во изминатите неколку дена, Украина наводно ги преселила единиците од својата 47-ма механизирана бригада, една од поискусните и подобро опремени единици, од бојното поле во близина на Орихив во Авдијивка, што е можен показател дека украинските команданти стравувале дека нивните линии ќе паднат.

„Постои политичка одлука, политичка наредба да се заземе овој град во блиска иднина и мислам дека ќе има сериозни воени операции во кои тие ќе ги искористат сите сили што ги имаат таму, тие исто така носат резерви таму“, вели Олексеј Хетман, украински воен претставник за РСЕ.

Нападот на Авдијивка може да биде и показател дека Русија верува дека украинската контраофанзива слабее и дека нејзините сили може да преземат иницијатива, рече Рајан.

„Русите очигледно мислеа дека ова е слаба точка во украинската линија и имаа чувство дека Украинците се блиску до кулминација (на контраофанзивата) и дека ова може да биде можност да се тестира оваа хипотеза. Мислам дека Русите открија дека Украинците сè уште не го достигнале врвот и дека имаат единици и сили во резерва кои можат да се справат со тоа“, заклучува Рајан.

Повеќе од една недела подоцна, руските сили ги проширија своите напори и почнаа да се обидуваат да напредуваат на пет или шест други локации по должина од 1 200 километри од бојното поле што минува низ регионите Донбас, Доњецк и Луганск.

Тука спаѓаат места како Бахмут, град во Доњецк кој беше заземен од Русија во мај, со огромни жртви, по неколкумесечни улични борби. Понатаму на север, руските сили го гаѓаат и Купјанск, на реката Оскил во областа Харков. Украинските војници го освоија градот во ненадејна офанзива минатата година.

„Изгледите за руска пенетрација (кај Авдијивка) не се многу подобри. Ако вложат доволно ресурси во оваа борба, веројатно ќе можат да го заземат градот, како што направија во Бахмут“, изјави Бидл.

„И ако Украинците се обидат да издржат предолго, можеби дури и ќе загубат некои сили поради опкружувањето. Но, чистиот пробив би бил многу потежок, а искористувањето на пробивот со последици на оперативно ниво би било уште потешко, особено за руската армија, која во оваа војна покажа мала способност да напредува во голема длабочина на линии“, рече тој.

Украинската контраофанзива „сигурно наметна значителен трошок за руската војска“, убеден е и Мајкл Кофман, руски воен аналитичар во фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

„Од гледна точка на офанзивна операција, каде што напаѓачот вообичаено претрпува поголеми жртви и материјални загуби, украинската армија се снајде релативно добро, секако како што можеше да се очекува со оглед на условите и нивото на обука што го имаа на располагање“, заклучува Кофман.

XS
SM
MD
LG