Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Ова за Македонската информативна агенција (МИА) го потврди Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.
Видете и ова: Иако е најевтино, речиси никој не се вози со возДимовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55 часот.
„Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но, останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот“, вели Димовски.