Рускиот претседател Владимир Путин не даде никакви најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат, а кампањата сè уште не е објавена, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот не даде изјави за ова“, одговори Пексов на прашањето за извештајот на Ројтерс дека Путин одлучил да се кандидира за уште еден претседателски мандат.
„Кампањата сѐ уште не е официјално објавена“, рече Песков.
Видете и ова: Интервју: Дали Путин е модерен цар?Претходно Ројтерс соопшти дека Владимир Путин планира да се кандидира за претседател во март, потег што ќе го задржи на власт најмалку до 2030 година. Според нивни извори, шефот на Кремљ „чувствува дека мора да ја води Русија низ нејзиниот најопасен период во последните децении.“
Путин, на кого му ја предаде функцијата претседателот Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, веќе е претседател подолго од кој било друг руски владетел од Јосиф Сталин, па дури и го надмина 18-годишниот мандат на Леонид Брежњев.
Путин наполни 71 година на 7 октомври.