Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 километри на час. Максималните температури ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 21 степен.
Видете и ова: Надојдени реки, блокирани патишта од одрониВо првите два дена од новата седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд повторно се очекуваат во среда.