Претседателката на Европската комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен, во недела ќе ја започне четиридневната посета на Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
„Ова ќе биде повод да се разговара за билатералната соработка, а особено подетално да им се претстави на регионалните лидери Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Скопје.
Фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје во недела, при што ќе се сретне со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Следниот ден, в понеделник, Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Димитар Ковачевски во Владата, со највисоки државни почести.
Видете и ова: Фон дер Лајен повика на соработка на Западен Балкан за влез во ЕУПодоцна во поделник, претседателката на ЕК ќе отпатува за Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.
Во вторник, претседателката на ЕК во Подгорица ќе разговара со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и со премиерот во технички мандат, Дритан Абазовиќ. Истиот ден попладне Фон дер Лајен ќе отпатува во Белград на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Фон дер Лајен ќе ја заврши западнобалканската турнеја во Сараево, каде ќе разговара со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто.
Видете и ова: Самит во Тирана - Од финансиска инјекција до балканско помирувањеПретходно, на 15 и на 16 октомври Урсула фон дер Лајен беше во Албанија, каде беше одржан самит на Берлинскиот процес. Во Тирана, на лидерите на ЕУ и на регионот им го претстави новиот план за раст на Западен Балкан за кој рече дека има потенцијал во оваа деценија да го удвои обемот на економијата во регионот.
Планот за раст на Западен Балкан има четири столбови - интеграција во единствен пазар, подлабока регионална економска соработка, забрзување на фундаменталните реформи и поголема претпристапна финансиска поддршка.
I