Новиот словачки премиер, Роберт Фицо, денеска објави дека неговата земја го запира снабдувањето со оружје за Украина и ќе ја ограничи својата поддршка на „цивилна и хуманитарна помош“, пренесоа француските медиуми.
„Сметаме дека помошта за Украина е само цивилна и хуманитарна, нема да испорачаме повеќе оружје на Киев“, рече Фицо, еден ден откако беше назначен за премиер на коалициската влада во која има и екстремно десничарска проруска партија.
Лидерот на словачката левица Роберт Фицо во средата по четврти пат беше назначен за премиер на Словачка, по кампањата за прекин на воената помош за Украина и критиките на санкциите против Русија.
Видете и ова: ЕУ самит со фокус на Украина и случувањата на Блискиот истокФицо се прогласи и за противник на политичкиот либерализам, невладините организации и правата на трансродовите лица.
Тој го пофали лидерот на соседна Унгарија, Виктор Орбан, како политичар кој ги брани интересите на својата земја.
Од друга страна, и покрај стравувањата на Брисел и Вашингтон, Фицо постојано повторува дека нема намера да ја извлече земјата од 5,5 милиони жители од ЕУ или од НАТО алијансата предводена од САД.