Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави предлог до Владата и премиерот Димитар Ковачевски кога да се одржат парламентарни избори кои би биле во ист ден со претседателските. Му остави период на Ковачевски да одбере кога би биле изборите, но вели дека срамота е што преку медиуми се договараат и лиферуваат датуми за редовни избори.
„Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог, нека земе бел лист хартија и нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок“, рече Мицкоски.
Видете и ова: Мицкоски - Прифаќаме работни групи за утврдување датум за избориВо петокот Мицкоски изјави дека се спремни за предлозите од СДСМ за разговор околу изборите и дека во партијата прифаќаат да бидат формирани работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 и бара тие што поскоро да се сретнат. Но, премиерот Димитар Ковачевски рече дека за учеството во работната група која треба да се формира, како партија се подготвени и дека секој понеделник се одржувала координација кај претседателот на Собранието каде присуствувале сите пратенички групи.
Сепак потенцираше дека во моментов не зборува за преклопување на датуми, ниту за конкретни датуми, туку за одржување на избори во редовен термин. Денеска од неговата партија СДСМ повторија дека нивниот став е непроменет. Велат дека може да разговораат за датуми, но прво за избор на Претседател, а потоа за парламентарните избори.
Видете и ова: Изборите ги засенија уставните измени„Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин. Прво претседателски, а потоа и парламентарни избори и за точниот датум за одржување на овие избори, прво за претседателските, а потоа и за парламентарните, сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Претседателот на Собранието Талат Џафери деновиве изјави дека ќе свика лидерска средба доколку има договор меѓу партиите. Според законските рокови, редовните претседателски избори треба да се одржат до април 2024 година, а парламентарните во јули следната година.