Кремљ соопшти дека новите изјави на американскиот претседател Џо Бајден, во кои тој го спореди рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна организација Хамас - се „неприфатливи“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сега е потенцијално опасно време и дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе расте кога Израел ќе ја започне својата очекувана копнена операција за да се обиде да го истера Хамас од Газа.
Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит во Каиро во сабота.
Бајден ги осуди Хамас и Путин во телевизиско обраќање до нацијата во четвртокот, велејќи дека има заеднички мотив зад нападот врз Израел и инвазијата на Украина.
Видете и ова: Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијата„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа – сакаат да ја уништат демократијата во соседството“, рече Бајден.
Бајден посочи дека во петок ќе испрати итно буџетско барање до Конгресот за „финансирање на американските национални безбедносни интереси за поддршка на најважните партнери, вклучувајќи ги Израел и Украина“.
„Не можеме да дозволиме ситна, палава, партиска политика да застане на патот на нашата одговорност како голема нација. Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи“, рече Бајден во обраќањето пред нацијата од Белата куќа.