Махса Амини и движењето „Жени, живот, слобода“ во Иран, започнато со смртта на 22-годишната девојка, ја добија овогодинешната награда Сахаров, најголемата награда за човекови права на Европскиот парламент, само неколку недели откако затворената иранска активистка за правата на жените Наргес Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир.
Амини, курдска Иранка која почина во Техеран минатата година додека беше во притвор на озлогласената полиција за морал поради наводно кршење на хиџабот и движењето беа номинирани од трите најголеми партии во парламентот, Европската народна партија, Социјалисти и демократи и Обнови ја Европа.
Номинацијата на Амини и на движењето е „признание за нивните храбри напори да се борат за правата на жените“, рече Дејвид Мекалистер, претседател на парламентарната Комисија за надворешни работи, кога на 12 октомври ги објави кандидатите од потесниот круг.
„Парламентот стои со сите оние кои ги посветија своите животи на одбраната на демократските вредности“, додаде тој.
Видете и ова: Како смртта на Макса Амини стана повик за бунт на илјадници Иранци?Смртта на Амина во септември 2022 година предизвика антивладини протести во Иран, кои се сметаат за најголема закана за исламската влада од револуцијата во 1979 година.
Властите одговорија на немирите со задушување на протестите, кои оставија стотици мртви и илјадници повредени.
Неодамна, 16-годишната средношколка Армита Гараванд беше наводно нападната од полицијата во метрото во Техеран на 1 октомври затоа што не носела хиџаб или шамија. Таа е во кома од наводниот напад.
Наградата Сахаров за слобода на мислата се доделува секоја година од страна на Европскиот парламент. Именуван во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, основан е во 1988 година во чест на поединци и организации кои ги бранат човековите права и основните слободи.
Видете и ова: Уапсен таткото на Макса Амини на годишнината од нејзината смртМинатата година, Европскиот парламент го награди народот на Украина, претставен од нивниот претседател, избраните лидери и граѓанското општество, за време на целосната руска инвазија.
Други претходни победници се затворениот руски дисидент Алексеј Навални, демократската опозиција во Белорусија и затворениот застапник на ујгурското малцинство во Кина, Илхам Тохти.
Други кандидати за овогодинешната награда Сахаров беа активистите за права Вилма Нуњез де Ескорсија и монсињор Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва и три жени кои се бореа за правата на абортусот, Јустина Видринска од Полска, Морена Херера од Ел Салвадор и Колин од Соединетите Држави.