Украина денеска за првпат употреби ракети со долг дострел АТАЦМС (ATACMS) против руските сили, а кои се обезбедени од САД.
Балистичките ракети со подолг дострел, кои Украина долго време ги бараше, беа испорачани тивко од страна на САД и беа користени на бојното поле против Русија во вторникот (17.10.2023), речиси еден месец откако американскиот претседател Џо Бајден му ги вети ракетите на својот украински колега Володимир Зеленски.
Зеленски потврди дека Киев ја користел ракетата со долг дострел АТАЦМС, обезбедена од САД.
„Денеска упатуваме посебна благодарност до Соединетите Американски Држави. Нашите договори со претседателот Бајден се спроведуваат. Точно е - АТАЦМС се покажа себеси“, рече тој во своето обраќање.
Зеленски и другите украински лидери правеа притисок врз САД да обезбедат армиски тактички ракетен систем, познат како АТАЦМС. Но, САД не се изјаснуваа со месеци, загрижени дека Киев би можел да го искористи оружјето за да удри длабоко во руска територија, што би можело да ја разбесни Москва и конфликтот да ескалира.
Видете и ова: Шкариќ: Законодавецот со амнестијата го уништува судствотоБајден конечно даде зелено светло за испораката минатиот месец и му кажа на Зеленски за време на состанокот во Белата куќа дека САД конечно ќе ѝ ги дадат на Украина овие ракети. Меѓутоа, САД одбија да кажат какви било детали за времето или колку проектили ќе бидат испорачани, иако официјални лица сугерираа дека планот бил да испратат мал број од околу дваесетина ракети.
Поради долготрајната загриженост на САД за ескалација на тензиите со Русија, верзијата АТАЦМС што е дадена во Украина ќе има помал дострел од максималното растојание што може да го имаат ракетите. Додека некои верзии на ракетите можат да одат до околу 300 километри, оние што се испратени во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која, кога е истрелана, се отвора во воздухот, ослободувајќи стотици бомби, наместо една боева глава.