Десетици експерти за човекови права на Обединетите нации ги критикуваа „страшните злосторства“ извршени од милитантното движење Хамас и оценија дека израелското бомбардирање на Појасот Газа „значи колективна казна“.
„Нема оправдување за насилството кое неселективно ги таргетира невините цивили, без разлика дали тоа го вршат Хамас или израелските сили“, се вели во заедничката изјава на експертите.
„Тоа е апсолутно забрането со меѓународното право и претставува воено злосторство“, додаваат експертите на ОН.
Групата независни експерти за човекови права има мандат да известува за своите наоди, иако тие не зборуваат во име на ОН.
Видете и ова: Јаков: Израел нема намера да ја окупира ГазаТие го осудија, како што рекоа, насоченото и смртоносно насилство врз цивилите во Израел, но исто така предупредија дека „понатамошното заострување на нелегалната блокада“ на Појасот Газа од страна на Израел ќе има катастрофални последици за целото тамошно цивилно население.
Палестинските здравствени власти соопштија дека 1.200 луѓе се убиени во израелските воздушни напади врз Газа.
Според израелската војска, до четврток наутро на 12 октомври, во војната биле убиени 219 израелски војници.
Видете и ова: Блинкен во Тел Авив за да ја пренесе американската поддршка за ИзраелБројот на раселените лица во Појасот Газа поради војната скокна за околу 30 отсто во последните 24 часа на 338.934 лица, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Израел во средата формираше воена влада, вклучувајќи го и опозицискиот лидер Бени Ганц.
Израел собра 300.000 резервисти во близина на границата со Газа за потенцијална копнена инвазија.